Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во емисијата „24 Отворено“, посочи дека СДСМ откако дојде на власт никако не може да се зголеми процентот на капиталните инвестиции, како што ветуваа на почетокот.

„За жал повторно можам да констатирам во првото тромесечие сме разочарани од динамиката со која што се одвиваат капиталните инвестиции во сферата на инфраструктурата, конкретно. Имаме една слаба динамика од 8.5% заклучно мислам тоа е со завршувањето на месец март. Што наговестува дека би се случило истото она што се случуваше во изминатите години, во реализацијата на буџетот, пред се со реализација со капиталните инвестиции, појасни Затуроска.

Затуроска додаде дека за жал Владата на СДСМ никако овие години не може да го зголеми процентот на реализацијата.

„Министерот Сугарески е должен да каже што е проблемот и зошто немаме реализација на онаква каква што тие наговестуваа  на самиот почеток од нивниот мандат. Тие кажуваа дека тек сега граѓаните ќе видат како ќе се зголеми процентот на капиталните инвестиции, реализација на проектите, а ние се соочуваме со сосема нешто друго, нагласи Затуроска.