Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, вечерва имаше вклучување на „24 Отворено“ каде што посочи дека каде се 70 милиони евра кои беа наменети за локални патишта, бидејќи на повидок нема никаде ништо изградено по општините.

„Во една од емисиите на телевизија 24 кога гостував со министерот Сугарески, тој ме запраша дали ќе го поддржиме заемот за 70 милиони мислам беа за локални патчиња. И ние тоа го поддржавме во Собранието. Што се случи со тој проект, еве ќе кажам тој ви е ваш авто прв проект заради тоа што друг и немате во сферата на инфраструктурата. Сите проекти ќе кажам се продолжение од она што ви го остави претходната влада, нагласи Затуроска.

Затуроска додаде сега да видиме за овие 70 милиони евра кои што требаа да бидат наменети за локалните патишта и Сугарески кажа дека ќе гради 450 километри локални патишта во сите општини. Или тоа пологично тоа доаѓа некаде по 5.6 километри локално патче по општина.

„Што направивте со овие средства, го запраша Затуроска министерот Сугарески.