Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални беше отруен и хоспитализиран четврток наутро, соопшти неговата портпаролка. Тој е на апарати на интензивна нега откако се разболел за време на лет, по што било наредено итно слетување.

44-годишниот непријател на рускиот претседател Владимир Путин не се чувствувал добро на летот назад кон Москва од Томск, град во Сибир, изјави Кира Јармиш на Твитер.

„Авионот итно слета во Омск. Алексеј има токсично труење“, објавуви Јармиш на Твитер.

За Навални се вели дека е во бессознание и е на интензивна нега. Според Јармиш, тој морал да конзумира нешто во чајот што го пиел утрово.

„Лекарите велат дека токсинот се апсорбира побрзо со топла течност“, рече таа, додавајќи дека тимот на Навални повикал полиција во болницата.

Политичарот е во тешка состојба, јави руската државна новинска агенција Тасс, повикувајќи се на главниот лекар во болницата.

Минатата година, Навални беше префрлен во болница од затворот каде издржуваше казна, а неговиот тим се сомневаше дека станува збир за труење. Лекарите тогаш рекоа дека имал сериозен алергиски напад и го испратиле назад во затвор следниот ден.

извор: Makfax