Синоќа околу 21:20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец Д.С, чиј угостителски објект на улица Борис Кидрич во Тетово работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот. Објектот бил затворен, додека Д.С. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Околу 22:50 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.С.(27) од гостиварско Дебреше, затоа што неговиот објект во селото бил отворен и во него се наоѓале десетина гости. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок, исто така, по член 206 од Кривичниот законик. Неговиот угостителски објект без фирма бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

извор: Makfax