Првиот голем снег што падна во Иран ги затвори двата меѓународни аеродроми во Техеран. Откажани се сите летови на аеродромите Мехрабад и Имам Хомеини.

Училиштата се затворени во некои делови на Иран, објави Ројтерс.

Градоначалникот на Техеран, Мохамед Али Наџафи, преку Твитер ги повика граѓаните да помогнат на комуналните работници да го исчистат снегот од дрвајата.

извор: Makfax