Во Казнено – поправниот дом Прилеп деновиве дошло до физичка пресметка помеѓу тројца затвореници.

Како што информираат од МВР, станува збор за лицата А.П., С.Ѓ., и С.М., при што А.П. со остар предмет му нанел повреди на С.М..

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од полицијата во дневниот билтен.

извор: Makfax