Се чини дека затворениците на федералниот затвор во тексашкиот Бјумонт се од посебна сорта. Па така на чуварите ништо не им било сомнително, бидејќи секогаш сите „овци” им биле на број.

Секој уредно бил пуштен на „заслужено” отсуство, а потоа уредно се враќал во затворот.

Но, необичната пракса ја уништил Џошуа Рендал Хенсен (25) кого го фатиле во средата навечер додека се обидувал да се врати на издржувањето на казната.

Хенсен со себе носел спортска торба во која ставил три шишиња виски и вињаци, а тука има се и сешто-овошје, грицки, цигари, но и скара, печено пиле па дури и колбаси. Станува збор за човек осуден на 27 месеци поради злоупотреба на дрога, на кого сега му се заканува дополнителна казна.

Затворот во Бјумонт се наоѓа веднаш до ранч, кој роднините и пријатели на затворениците го користеле да им прошверцуваат тексашки специјалитети.