Затвореник во Тексас бил фатен како во затворот шверцува храна и пијалаци. Тој бил фатен кога излегол од затворот во соседната нива од каде што ги зел работите по што се враќал во затворот.

Во торбата што му ја нашле чуварите на затворот имало голема количина домашна храна, вклучувајќи и колбаси на скара, пржено пилешко и додатоци, како и три шишиња бренди, едно шише виски, неколку пакетчиња тутун, грицки, апетисани и овошје. Освен тоа, во торбата имало и 30-ина грама марихуана.

Затвореникот е идентификуван како Џошуа Хансен, а во затвор бил поради дрога. Сега му се заканува и дополнителна казна поради поседување марихуана и бегство од затвор.

извор: Makfax