Бронзената скулптура “Заспаната муза” на францускиот уметник со романско потекло Константин Бранкуши (1876- 1957), е продадена на акција во Њујорк за 57 милиони долари, што е рекордна цена за дело на овој уметник.

Скулптурата на аукцијата спроведена од страна на аукциската куќа Кристи достигна далеку повисока цена од проценетите 25-35 милиони долари.

Бранкуши првата изложба ја направил во Париз во 1906 година. Во 1908 година ја изработил “Заспаната муза”, под влијание на Родиновиот “Бакнеж”, неговото прво, оригинално дело. Развил геометриски стил, кој станал негов заштитен знак сведувајќи ги природните форми на апстрактна едноставност. Изложил пет од своите дела, вклучувајќи го и “Мадамозел Погани”, во 1913 година во Салонот Армори. Една од неговите најомилени теми била птица во лет; негово најпознато дело било “Птица во просторот” изработено во исполирана бронза (1919). Преку бројните изложби во САД и во Европа, тој постигнал голема слава и успех. Бранкуши исто така се смета за пионер на современата апстрактна скулптура.

На аукцијата е продадена и една од најпознатите слики на Пабло Пикасо “Жената која седи во син фустан”, а која ја претставува Дора Мар од 1939 година. Ова дело беше продадено за 45 милиони долари.

Портретот на љубовницата на Пикасо, изминатите шест години бил во сопственост на американскиот колекционер кој ова дело во 2011 година го платил 26 милиони долари.
Продажбата го означи почетокот на пролетната аукција на уметнички дела во Њујорк.