x

Зарем е можно: Саудијците во втор план за Њукасл, пристигна нова понуда, подбра од нивната!

Саудијското кралско семејство, на чело со принцот Мохамед бин Салман, од пред некој ден беше најсериозен кандидат за купување на Њукасл. Нивната понуда беше 300 милиони фунти, и речиси се да беше готово. Но се случи пресврт.

Имено Хенри Морис, првиот човек на британската ТВ компанија Clear TV, понудил 350 милиони фунти.

Сега токму Морис е прв фаворит за купување на клубот од “Сент Џејмс Парк“, и тоа поради пиратеријата за која е обвинет Бин Салман, односно неговата земја.

По се изгледа дека надлежните имаат намера по секоја цена да најдат некојси “проблем“ само да не му дадат “виза“ на шеикот да го купи Њукасл.

Се разбира дека за ова фановите на клубот нема да гледаат со воодушевување.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата