x

Зарем е можно: Бејл сака да се врати во Реал!!!

bejl-slika-nova

Каков шокантен пресврт во случајот “Бејл“. По само неколку месеци минати во Тотенхем, и тоа како позајмен играч на Реал Мадрид, Герет Бејл сакал да се врати во редовите на “кралевите“. Очигледно е дека тој не е во преден план кај Жозе Мурињо, кој има стартен тим и тоа како добар, затоа е прв во Премиерлигата, и затоа на Бејл му станува проблематично останувањето во Лондон.

Ова е шокантно поради тоа што се знае зошто и на кој начин Велшанецот се раздели со Реал. Но, кога увиде дека нема лабаво и кај Жозе, тој е спремен да се бори за минутажа во Реал па макар и под тренерска палка на Зинедин Зидан со кого беше подолго време во “војна“.

Најголемиот проблем на Реал не се вика Бејл, туку неговата плата. Имено тој земаше дури 22 милиони евра годишно од “кралевите“ а за возврат не даваше речиси ништо од своите неспорни квалитети.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата