Авио индустријата преживува големи финансиски загуби заради пандемијата со корона вирус, а со оглед на тоа дека бројот на летови е значително намален, илјадници летала се во хангари. Така, и бројни комерцијални летала, како боинг 737 трпеливо чекаат повторно да полетаат, но сега се јави нов проблем. 

Американската Федерална администрација за авијација наложила инспекција на 2000 од овие авиони заради стравот дека нивното некористење би можело да доведе до побрза корозија, што би можело да влијае и на безбедноста на летови. Веќе се пријавени 4 такви случаи. 

Инспекторите на одредени авиони забележале траги од ’рѓа. Корозијата на вентилите би можела да доведе до тоа да се заглават при отворање и да ја оневозможат работата на двата мотора.

„Вентилите се во посебна опасност од пропаѓање откако авионите се во хангари затоа што нема летови заради пандемијата“, навеле од Боинг. 

Just in. The FAA has issued an emergency airworthiness directive to all airlines who fly Boeing 737s. It says jets that have been in storage during the pandemic could have their engines suddenly fail. The FAA is ordering inspections after four incidents. pic.twitter.com/vVoA2j9tyT