На денешната редовна, 122 седница, Владата го разгледа и утврди новиот текст на предлог – законот за Агенција за национална безбедност. Донесувањето на предлогот на закон за Агенција за национална безбедност ќе овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање, која нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, односно се предлага основање на Агенција за национална безбедност како модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Северна Македонија.

Целта на предложениот закон е надминување на недостатоците утврдени во извештаите за Република Северна Македонија на Европската комисија, преку воспоставување на модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем со кој Управата за безбедност и контраразузнавање нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, туку се предлага основање на Агенција за национална безбедност со цел заштита на националната безбедност на државата, односно независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата.

извор: Makfax