Американската биотехнолошка компанија „Modern Incorporated“ објави дека денес ја започна доцната фаза на тестирање на нејзината потенцијална вакцина против коронавирус.

Според Ројтерс, станува збор за вакцина наречена „mRNA-1273“, која ќе биде тестирана на околу 30.000 возрасни кои не биле заразени со Ковид-19.

Во изјавата на компанијата се наведува дека главната цел на испитувањето, кое ужива поддршка од владата на САД, ќе биде да ги спречи симптоматските форми на Ковид-19.

Владата на САД ги удвои инвестициите во развој на потенцијална вакцина против Ковид 19, а  американската компанија „Модерна“,влегува во последната фаза од клиничкото испитување, со речиси милијарда долари.

Тие во април добија 483 милиони долари, кога производството на вакцината беше во рана фаза, а Американската федерална агенција за фармацевтски технологии сега се обврза да издвои уште 472 милиони долари.