Првиот летен ден e најдолг во годината и во Македонија ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со температути до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22 септември во 17 часот и 22 минути, кога календарски започнува есента.