Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020 година. Досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра.

„Исплатата продолжува и деновиве, како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерство за финансии, се додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од 2020 година, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук.

извор: Makfax