Во 16.50 часот на плоштад Маршал Тито во Куманово приведен е С.М. (35) од Куманово, бидејќи кај него биле пронајдени пиротехнички средства. Извршен е и претрес на дом и вкупно се пронајдени 2059 парчиња пиротехнички средства. Против С.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

извор: Makfax