Одделот за Криминалистичка полиција и затворската  полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга при контрола  и претрес над затворските ќелии во КПУ Затвор Струга кај затвореник е пронајдена околу 250 грама марихуана.

– На 16.11.2020 во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи од страна на Одделот за Криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид ОВР Струга и затворската  полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга,  била извршена контрола  и претрес над затворските  ќелии  со цел обезбедување на материјални докази и заплена на наркотична дрога, при што околу  19:00 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ. П. пронајдена е околу 250 грама марихуана, информираат од МВР.

За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Струга со цел понатамошно постапување за кривично правниот настан и против осуденото лице кај кое беше пронајдена наркотичната дрога ќе биде поднесена кривична пријава.