Популарниот пеач и ѕвезда на реалити “Задруга“, Слоба Радановиќ настапил во новогодишната ноќ во еден ресторан во Белград, но и покрај тоа што му починал татакото Душан, тој собрал сили и решил да ја испочитува својата публика.

Слоба се појавил во црно, а покрај него била и неговата девојка, која неможела да ги задржи солзите, додека тој го пеел својот голем хит, кој го посветил на покојниот татако – “Коцка“.

После настапот, Радановиќ се заблагодарил на својата публика по пат на социјалните мрежи и на сите им ја честитал Нова година. – Ви благодарам на сите, на подршката и на оваа вечер.

-Им благодарам на сите кои беа. Благодарам и за оној аплауз на крај. Ви благодарам на љубовта, ве сакам сите – порачал Слоба и додал:

– На сите нека им е среќна Новата 2020 година. Ви посакувам здравје, љубов и слога. Тоа е доволно да бидете среќни.