x

Запален теренот на Српскиот лигаш

Српските медиуми пренесуваат информација за немил настан поврзан со нивниот фудбалски лигаш ФК Колубара. Имено, како што соопштуваат од клубот, вандали, засега непознати на јавноста и органите на прогон, го полеале теренот на нивниот тренинг комплекс со запаливи материи и потоа ги запалиле. Само навремената реакција на противпожарната единица спречила поголе хаос, но теренот реално претрпел оштетување.

Што е уште потрагично токму на тој терен тренираат и работат помладите категории на овој клуб, што уште повеќе го прави овој настан срамен и загрижувачки. Клубот објави дека во најкус можен рок бара да се најдат и казнат сторителите.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата