Изгоре автомобил на скопјанец кој дошол на гости во Штип. Немилиот настан се случил вчераутро, половина час по полноќ во градската населба Осми Ноември.
Пламенот во автомобилот марка мерцедесс со скопски регистарски таблички, сопственост на 69-годишниот Д.Д., го забележале соседите на домаќините кај кои отседнал скопјанецот. Не помогнала мошне брзата интервенција на соседите да се спаси автомобилот, мерцедесотт бил уништен.
Според првичните информации од полицијата, можен причинител за опожарување на возилото е натопена ткаенина со непозната запалива течност, фрлена низ претходно скршениот прозорец на една од вратите на мерцедесотт. Со запалената ткаенина фрлена е и внатрешна автомобилска гума. Огнот потполно ја уништил внатрешноста на автомобилот.
Полицијата се уште ги утврдува причините за опожарувањето и во исто време трага по непознатиот или непознати сторители на ова недело.