Пожарникарите изутринава интервенирале на гаснење на запалено возило на улицата Виа Игнација во Скопје. Пожарот бил пријавен во 5.10 часот изутринава, по што било интервенирано со едно возило и тројца пожарникари.

Пожарот бил изгаснат во 6 часот. Опожарени биле 4 квадратни метри, а материјалната штета се уште не е утврдена.

извор: Makfax