x

Запазени сите мерки: Дамјан и официјално се „заколна“ на верност (ФОТО)

МЗТ Скопје пред неколку дена соопшти дека тренерот Ѓорѓи Кочов и капитенот Дамјан Стојановски и во следната сезона ќе бидат дел од таборот на тимот од Аеродром.

Денеска на официјалната страница од клубот се пофалија дека договорот со капитенот е потпишан. Дамјан и МЗТ Скопје заверија нова двегодишна соработка. Репрезентативецот кој носеше заштитна маска испрати порака – да се почитуваат мерките за побрзо враќање на терените.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата