Од самиот почеток на цивилизацијата, луѓето биле во постојана потрага по вечен живот. Во 1967 година психологот Џејмс Бедфорд стана првиот човек во историјата кој беше замрзнат. 

Идејата ја добил од физичарот Роберт Етингер и неговата книга „Перспективи на бесмртноста“.

Во книгата, тој го објаснува концептот на криогенетика и во 1976 година основал непрофитна организација, Институт за криогенетика.

Основата на кринетиката е дека човечкиот орган или целото тело замрзнува во течен азот или јаглерод диоксид и на тој начин запира возраста или болеста на една личност до моментот кога медицината и технологијата ќе бидат напредни за да го „поправат“ телото.

Процесот не може да се изврши додека не се добие административна потврда за смртта на клиентот. Според нив, мозокот е најважната „алатка“ во целата приказна, бидејќи ако информациите се зачуваат во мозокот, сè се зачувува.

Ако е зачуван умот, тоа е и личноста, сметаат тие. 

Ако се решите на овој чекор, имате обврска да плаќате огромна сума пари на месечно ниво пред да дојде време да бидете змрзнати. .

Денес илјадници луѓе се замрзнати во надеж дека некој ден ќе бидат одмрзнати и со тоа ќе го продолжи животот на оваа планета Земја.

Имаше приказна дека дури и славниот Волт Дизни бил замрзнат по неговата смрт, но неговата ќерка наскоро го демантирала тоа и рекла дека бил кремиран. Дури и по тие сознанија, кај луѓето постои сомнеж дека сè уште е замрзнат.

Дали целата оваа приказна е Божја игра и дали е ова претставување на нас луѓето како најобична школка и најважна, дали е можно да се продолжи животот без најважната функција, а тоа е – душата?
Останува да се види, со услов дека до денес никој не бил одмрзнат, а има се повеќе клиенти меѓу богатите луѓе.