Почина и последната голема дива од златниот период на Холивуд. На глумицата Оливија Де Хевиленд многумина ќе се сеќаваат по улогата на Меланија Хамилтон во култниот филм “Однесено од виорот“. Токму таму беше најголемата сопарничка Скарлет О Хара која ја играше Вивијан Ли.

Оливија починала по кусо време откако наполнила 104 години кој го прославија во месец јули 2020 година. Во кариерата имала безброј улоги, но една како што оваа која ќе ја обележи.

Оливија имала и сестра, исто така позната глумица Џоан Финтина. Немале исто презиме, а не се ни согласувале. Кога Оливија наполнила 19 години, и таа и Џоан почнале да создаваат име во Холивуд… Оливија го задржала семејното презиме Де Хевиленд, но на Џоана не и доволила мајкаи со што била приморана да измисли ново. Иако многумина полно пати се обидувале да огонетнат што била причината за раздор меѓу нив, тоа никогаш до крај не е откриено. Познато е декa и во време кога кариерите им цветале, одбивале да присуствуваат на ист настан.

 

После активна глумечка кариера во Америка, глумицата во 1960 година одлучила да се пресели во Париз. До крај на својот живот била витална каде што се занимавала со повеќе хоби и интереси, иако го одбегнувала појавувањето во јавност.

Многумина ќе ја паметат по тоа кога фотографи ја снимиле минатата година на 103. роденден како вози велосипед.