Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во наредните два дена ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во рамки на работната посета, како што соопштија од МНР, тој ќе оствари повеќе средби со претставници на институциите на ЕУ, со европратеници, како и со известителот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл.

Заменик министерот Жерновски ќе присуствува на пленарната сесија на Европскиот парламент на која ќе се усвојува Резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2018 година. Жерновски, меѓу другото како што посочуваат од МНР во своето соопштениет, ќе учествува и на пленарни средби и во седиштето на НАТО, на кои со високи претставници ќе се разговара за текот и динамиката на пристапните разговори во врска со нашето зачленување во Северно-атлантската Алијанса.

извор: Makfax