Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Александар Николоски денеска изјави дека законот за субвенционирање на плати не е пристигнат во Собранието и оти тој не може да се изгласа за пет дена што значи дека компаниите нема да ја добијат финансиската поддршка за октомври.

– Она што можам да го кажам како пратеник во македонското Собрание е дека за да тој закон профункционира мора да биде усвоен до први ноември, затоа што плата за претходниот месец се дава во следниот месец. Законот се уште не е стигнат во македонското Собрание. Има некои најави дека ќе стигне во понеделник или во вторник. Собранието да е нотаријат, а не Собрание, не може за пет дена да ја заврши работата. Ова е еден несериозен однос од страна на Зоран Заев и од страна на останатите одговорни. Најавуваат закон и не го доставуваат до Собранието, за на крај да го достават во 5 до 12 и очекуваат мерките да се реализираат, што директно ги доведува во опасност стопанството, изјави Николовски.

Според него, лошо се менаџира и здравствениот сектор, кој, како што рече, е во комплетен колапс.