x

ЗАКАНИТЕ СЕ ОСТВАРИЈА: ПАО достави барање за раскин на договорот со Евролигата!

Тимот на Панатинаикос е во голема војна со Евролигата, која кулминираше кога сопственикот на клубот, Јанакопулос, објави дека може да го напушти натпреварувањето. Денеска стигна и официјална потврда дека грчкиот великан испратил писмо до Евролигата во кое бара ртаскинување на договорот.

По прес-конференцијата на Јанакопулос во вторникот и објавата дека негова желба е Панатинаикос да игра во Лигата на шампионите на ФИБА, сега пристигна и официјалното барање од клубот упатено до Евролигата.

Тоа и практично значи дека ПАО ја напушта Евролигата, како прв од големите европски тимови кој тргнува по овој чекор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата