Во следните неколку дена, резервниот напаѓач на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Симоне Заза и официјално ќе биде преставен како најнова милионска аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем.

Од продажбата на репрезентативецот на Италија, раководните лица на “старата дама” очекуваат заработувачка не помала од 25 мил. евра.

Иако се договорени сите детали, брзоногиот напаѓач нема да биде во комбинација за неделниот натпревар против екипата на Манчестер Сити.