“Електрани на Македонија”, со аманет на Владата, ќе склучи договор за земање кредит од Дефа Банка од Никозија, Кипар во износ од 57,4 милиони евра. Парите од заемот ќе бидат наменети за имплементација на втората фаза од проектот за изградба на ХЕЦ “Света Петка”. Ова е одобрено на последната владина седница, со што државата ќе гарантира за заемот на ЕЛЕМ. За изградбата на втората фаза на хидроцентралата е задолжена словенската компанија “Рико”. Камен-темелникот на “Света Петка” се постави во јануари годинава. За наесен е предвидено целосно да се заврши со асфалтирање на патот за непречен пристап до браната. (В.Ма.)