Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби одржа работен состанок со вицепремиерката на Косово, Албулена Балај Халимај. Груби на прес-конференција рече дека со неговата колешка разговарале за заедничката владина седница меѓу нашите две земји што ќе се одржи на 25 јануари следната година.

„Разговаравме за предлог-договорите што беа предложени од министрите на нашите две влади а кои се многубројни. Овие предолг-договори ќе поминат и разгледуваат од техничките и политичките групи кои свечено на 25 јануари следната година да бидат потпишани од министрите и да бидат свечено презентирани за време на заедничката меѓу владина седница што ќе се одржи во Скопје“, изјави Груби.

Груби исто така информираше дека со косовската вицепремиерка разговарале и за одржувањето состаноци на техничките групи со цел да се комплетираат до крајот на оваа година сите текстови на договорите што ќе треба да бидат потпишани.

Халимај за време на заедничката прес-конференција, му истакна на Груби дека е задоволна што гледа една влада која што има добра волја да соработува со Република Косово, потенцирајќи дека косовската страна е исто така многу заинтересирана за потпишување договори кои се во интерес на нашите земји, но исто така и на нашите граѓани.

„Досега има околу 20 договори кои се очекува да бидат потпишани и за кои ќе се разговара на ниво на експерти, техничко ниво и потоа и од политиката. Постојат многу договори што беа потпишани претходно со Република Северна Македонија и кои беа и сеуште се успешни. Она што вреди да се спомене, на оваа меѓу владина седница, важна точка е потпишувањето на договорот за граничните премини кои ќе станат One Stop Shop или едношалтерски систем “, рече Балај Халимај.

Двајцата вицепремиери оценија дека Република Северна Македонија и Република Косово имаат и ќе продолжат да одржуваат добри билатерални односи и дека целта на двете земји е интеграција во Европската Унија.

извор: Makfax