СДСМ планира да изврши државен удар, да симне легално избрана влада од власт и да се именуваат себеси за нова влада спротивно на уставот и деловникот.

Претседателот на СДСМ, како и обично, објавува свои планови однапред, како што објавува однапред истраги и пресови на неговото СЈО, или ставови на ДУИ и Алијансата на Албанците пред тие партии да одлучат и да ги објават.

Во интервју дадено за “Ајриш тајмс”, Зоран Заев објави намери дека СДСМ ќе формира влада без да добие мандат од претседателот Иванов бидејќи, според Зоран Заев, тоа не било неопходно.

Но, вообичаено, ставовите и плановите на СДСМ и Зоран Заев имаат проблем со законот.

– Во член 84, уште во првиот став, јасно стои дека претседателот на државата го определува мандатот за состав на владата. Тој, и никој друг.

– За Собранието да избере влада мора да работи по деловник,.

Во членот 109 од Деловникот за работа на собранието стои дека Собранието избира влада согласно Уставот и деловникот за работа на собранието.

– Во член 110 во Деловникот пишува дека седница за избор на влада може да се закаже само во еден случај – се закажува три дена откако претседателот на собранието ќе прими писмено известување од Претседателот на државата и ги известува кој е мандатор за составување влада.

Не треба да се биде ни многу стручен, ни многу писмен, за да се види дека ниту обврските од уставот, а ниту од деловникот на собранието не се исполнети за избор на нова влада ако претстедателот на државата не му дал мандат на СДСМ и Зоран Заев. Ако нема мандатор нема ни услови за закажување седница и избор на нова влада, и тоа би било спротивно на член 84 од Уставот, како и на член 109 и 110 од Деловникот за работа ан Собранието.

СДСМ планира да изврши државен удар, да симне легално избрана влада од власт и да се именуваат себеси за нова влада спротивно на уставот и деловникот.

Дали е тоа можно. Гледано од искуствата последниве три години од политичките акции на СДСМ и Зоран Заев – се е можно, па и да се обидат да извршат државен удар за да ги оправдаат парите кои се инвестирани во нив, како и оние кои веројатно ги добиле и на своте сметки, и да ги исполнат обврските кон донаторите и албанската емиграција од Косово, Албанија и западна Европа која многу пати јавно потврди дека стои зад политиката на СДСМ и Заев. Најпосле, и платформата од Тирана која е правена и потпишана во Албанија а која СДСМ во целост ја прифати, е обврска.
Дека СДСМ целосно ја прифатиле платформата од Тирана во неколку наврати јавно потврди ДУИ, нивното претседателство и нивниот портпарол Бујар Османи. Дека е правена и потпишана во Тирана, потврдија видеоснимки од состанокот кај албанскиот премиер Еди Рама, како и изјава на Беса, потписници на самата платформа.

Имаат ли државата и граѓаните заштита од овој државен удар кој го најавуваат Зоран Заев и СДСМ. Секако дека има. Прво, тука е народот и граѓаните кои можат да ја спречат таа седница за државен удар и соборување легално избрана влада менувајќи ја со нелегална.

Второ, сегашната легална влада има на располагање неколку законски мерки кои може да ги прогласи и, во соработка со претседателкот на државата да примени вонредни постапки.
Трето, тука е и Уставниот суд кој во итна постапка може да заседава, и согласно Уставот изборот на влада без мандатор да го поништи, како и сите одлуку на таа влада доколку ги има. Во таков случај оние кои извршиле државен удар се соочуваат со апсења и судење за најтешки кривични дела.

Штом постои член во уставот кој спомнува мандат и мандатор, сосема е јасно дека тој член не е таму случајно, затоа што е потврден и во Деловникот на собранието.
Зоран Заев вели дека претседателот на државата нема право да не дава мандат, дека неговата функција била само церемонијална.

Во Уставот не пишува така, напротив, престедателот има извршна улога, како и за мандатот. Освен тоа, церемонијалните претседатели без извршни овластувања ги бира собрание, а не со непосредни избори како што е избран и нашиот претседател Ѓорѓи Иванов. За потсетување за изборот на Ѓорѓи Иванов гласале околу 540.000 гласачи, а тоа е повеќе гласови отколку што имаат СДСМ, ДУИ и Алијансата на Албанците заедно, и со тоа е потврден и легалитетот и легитимитетот на Иванов.

Дали СДСМ и Заев ќе тргнат кон државен удар и кон длабоки и опасни меѓуетнички тензии, останува да се види, како и да се види дали ДУИ ќе ги поддржи на Зоран Заев.