Премиерот Зоран Заев денеска во Собранието одговорајаќи на пратеничко прашање од страна на Драган Данев, рече дека една од плановите на Владата е воведување на електричен трамвај во вредност од 100 милиони евра.

„За гасификацијата ништо не беше направено од претходната власт. 83 отсто од предвидените работи за гасификацијата се завршени, сите општините добија налог да направат проекти и модел според кој ќе стигне гасот до граѓаните. Во 2020 година секундарната и терцијарната мрежа ќе почне да се гради во поголемите општини. Со Град Скопје ќе влеземе во воведување електричен трамвај на гуми за што се потребни 100 милиони евра. Ќе подигнеме кредитна линија за да можеме да воведеме еколошки превоз како мерка против загадувањето“, рече Заев.