По реакциите во јавноста и противењето на желбата да се откаже од македонскиот идентитет, јазик и бришење на историјата, вечерва на ФБ се огласи премиерот Зоран Заев, кој во еден пост одговара до македонската јавност, но му одговара и на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.


– Јас сум Македонец ?? кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет.

Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас.

Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи.

Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки.

Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза.

Доста беше омраза!

Каракачанов пред неколку дена изјави дека на Бугарин паметот му доаѓа следниот ден, па така и на Зоран Заев.