Премиерот Зоран Заев денеска при посетата во Битола рече дека и покрај критиките во јавноста и дома, спремен е од спомен плочите од Втората светска  војна да избрише бугарски и наместо „бугарски фашистички окупатор“ да пишува само „фашистички окупатор“

– Тоа е во духот на пријателството и треба да внимаваме, како што една Полска и Германија го решиле тоа , како што една Франција и Германија или нордиските земји со Германија. Зборуваат за фашизмот како појава за да не се појави, но гледаат низ призмата и зборовите на пријателството. Тоа е европската иднина, тоа се европските зборови, рече Заев.

Споре Заев секојдневно претставниците на власта во земјава дејствуваат за скратување на говорот на омраза кон како што ја нарече пријателска Бугарија кон која, „немаме никакви територијални претензии“.

– Нема да ја нападнеме Бугарија, таман работа, пренесовме доверба комплетна нивната авионска ескадрила да го чува македонското небо рече Заев.

Во однос на тоа што Словачка и Чешка ги блокираа заклучоците за проширувањето на Западен Балкан во Советот на ЕУ, бидејќи не се согласуваат со текстот во нацртот кој се однесува на Северна Македонија, Заев рече дека е среќен што останало европско во ЕУ.

– Верувам дека треба да продолжиме со Бугарија да правиме напори како што ме охрабрија неколку земји во Европската Унија, зборувам како Зоран Заев предводник во македонското општество со сето тоа што го направив во изминатиот период, одржувајќи европски лекции овде во душата и срцето на Балканскиот Полуостров, среќен сум што сѐ уште останало европско во Европската Унија преку овие чекори што се преземаат во последните денови, за нас ЕУ е светост. Нашата европеизација ја сакаме со постигнуваме на европски вредности дома, и тоа ќе го правиме со или без блокади, друга алтернатива немаме, изјави Заев