Премиерот Зоран Заев во интервју за Нова.тв низ смеа открива дека тој како шеф на тогашната опозиција му пркосел на судството, односно може да се заклучи дека тој во тоа време си играл мајтап со судската власт и државата. Нормално е после една ваква изјава со реакција секако да се јават од судските власти, но засега молк од страна на претседателот на судскиот совет Киро Здравев и претседателот на Основен суд Скопје I, Иван Џолев.

-Како шеф на опозицијата ја фрлив ракавицата и пркосев на судството и велев Суде не ти доаѓам на рочишта, не се појавувам секој понеделник да се регистрирам во Судот, дојдете притворете ме, вели во интервјуто за нова.тв премиерот Зоран Заев.