Посакувам консензуален кандидат за претседател, изјави премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека претседателот треба да биде татко на нацијата зад кој ќе застанат сите.

Заев посочи дека досега не е отворен процес во врска со утврдувањето на кандидат за претседателските избори, со оглед на тоа што во парламентот се води постапката за уставните измени, но, како што најави, по завршувањето на оваа постапка веднаш ќе биде отворена дебатата. Премиерот додаде дека ќе се обидат да изнајдат кандидат кој ќе биде прифатлив за сите граѓани на Република Македонија.

Претходно денеска, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за пријавување кандидати за претседател на државата за изборите што ќе се одржат во април годинава.

извор: Makfax