Во Утрински брифинг, премиерот Зоран Заев изјави дека претседателот Пендаровски ќе го потпише протоколот за ратификација и ќе го достави до Собранието.

– Владата го подготви протоколот за ратификација на протоколот за членството во НАТО. Тоа ќе биде потпишано од претседателот Пендаровски и доставено до Собранието штом Шпанија како последна членка ќе ја ратификува спогодбата. Протоколот ќе го усвои Собранието и ќе биде испратено до седиштето на Алијансата, изјави за УБ Заев.