Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на унгарските социјалисти Беталан Тот. Тој рекол дека очекува од унгарските власти согласно европските начела и меѓународни конвенции да го екстрадираат поранешниот премиер Никола Груевски.

„Очекуваме да продолжи конкретната поддршка за зајакнување на владеењето на правото, и дека унгарските институции ќе постапат согласно европските начела и меѓународните конвенции, и дека ќе обезбедат екстрадиција на Никола Груевски“, рече Заев.

Груевски пред еден месец избега во Унгарија каде доби политички азил. Тој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ на СЈО за набавката  на луксузниот „мерцедес“ од 600 000 евра. Македонските власти побараа негова екстрадиција.

извор: Makfax