Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница вечерва одговори на обвинувањата дека  Нина Ангеловска е вплеткана во скандалот со фирмата  на снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез  и спорен грант од Фондот за иновации и технолшки развој.

„Грант, таа компанија во однос на апликација во која што како сопственичка структура фигурирала Нина Ангелевска никој пат не добила. Никој пат не добила. Таму, се повлекува од постапката, снаа на Цветанка Ласкова, заради Законот се повлекува, но сепак грантот не е доделен“, образложи премиерот.

Пред извесно кружеа информации дека ИТ фирмата „Декодикс” на снаата на Цветанка Ласкова, советничка на премиерот, од Фондот за иновации и технолошки развој добила 20 милиони денари или околу 330.000 евра за проект наречен „Декодирај – Ме”.

Откако изби скандалот со случајот со Христина Керкез како прв основач на фирмата е заведена Нина Ангеловска, која сега е предложена за министерка за финансии.

Сепак, премиерот тврди дека грант за компанијата не бил доделен.

„Грант не е доделен потврдувам, но и да е доделен, зарем тие иноватори за технолошки развој, кој што создаваат проекти и државата треба да ги поддржува, треба да бидат надвор од видикот на нас политичарите, мандаторите при регрутација на кадри“, запраша Заев.

извор: Makfax