„Не знаеме веќе кој е проблемот со Бугарија“, изјави премиерот Зоран Заев при посетата на Битола, коментирајќи го ставот на бугарското МНР дека Софија не може да го примени ставот за ветото, бидејќи не може да предаде 88 450 граѓани на Северна Македонија што имаат бугарско државјанство.

„Ако е тоа решението ќе ги прашаме и македонските граѓани со бугарски помоши. Ние сме пријатели и јас испратив порака дека треба да го решаваме проблемот, којшто не знам кој е проблемот. Дефиниравме дека долгото и краткото име на државата се едно исто – Република Северна Македонија, немаме територијални претензии, пријатели сме и пренесовме комплетна доверба. Предложивме нивната авионска ескадрила да го чува македонското небо, како поинаку да кажеме дека имаме доверба во нашите соседи?“,рече Заев.

Реaкцијата на Заев следи откако бугарското МНР за тоа активности ќе преземе во идните шест месеци за да се најде решение за Северна Македонија реферира на наводни 88.540 македонски граѓани со бугарски пасоши.

Заев денеска ги наброи отстапки коишто ги прави Македонија да направи за да се увери Бугарија во добрите намери на земјава, како сузбивањена говорот на омразата, повторно декларирање на немешање во внатрешните работи и малцинските права во други земји, но и бришење на бугарскиот фашистички окупатор од спомениците.

Верувам дека треба да продолжиме со Бугарија, да правиме напори, и како што ме охрабрија неколку земји од ЕУ, зборувам како Зоран Заев, предводник на нашето македонско општество со сето тоа што го направив во изминатиот период, одржувајќи европски лекции овде, во душата и срцето на Балканскиот Полуостров, среќен сум што се уште останало европско во Европската Унија преку овие чекори што се преземаа последните неколку денови. За нас Европската Унија е светост, нашата европеизација ја сакаме со постигнување европски вредности дома и ние тоа ќе го правиме со блокади или без блокади. Ние друга алтернатива немаме“, додаде премиерот.

извор: Makfax