Министерството за здравство информира дека тестот за коронавирус на претседателот на СДСМ, Зоран Заев е негативен.

Оваа информација следува откако денеска беше соопштено дека Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се во самоизолација затоа што имале контакт, односно телевизиско интервју со новинар на Канал 5 заболен од коронавирус.

Мицкоски веќе беше тестиран во текот на денот и резултатите од неговиот тест се негативни.

Подоцна беше соопштено дека заразениот новинар е уредникот во „Канал 5“, Гоце Михајлоски, кој заболел со коронавирус преку член од неговата фамилија во Прилеп.

По три дена, откако се вратил во Скопје, ги интервјуирал прво лидерот на опозицијата Зоран Заев, а потоа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

И Миицкоски и Заев соопштија дека без оглед на резултатите ќе ги почитуваат препораките и ќе се изолираат во текот на наредините денови.

извор: Makfax