Премиерот Зоран Заев утре ќе учествува на неформалната средба на премиерите од Западен Балкан за регионална економска интеграција, во Драч, Албанија.

На настанот ќе учествуваат и премиерите од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија, како и комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти и претставници на Светска банка.

Средбата, според предвиденото, ќе се реализира во неколку работни сесии коишто се однесуваат на градење заедничка визија на Интеграциска стратегија за Западен Балкан, спроведување и зајакнување на Регионалната економска област, планирање идни активности, при што се очекува усвојување сумарен извештај на идеите за Регионалната економска област.

извор: Makfax