Претседателот Заев денеска присуствуваше на 9. републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри 2019 во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, а под покровителство на Владата. Премиерот со свое воведно обраќање ја отвори манифестацијата и истакна дека му е чест што може да ја отвори оваа, како што рече, значајна манифестација.

 

„Вие пензионерите сте нашите најзаслужни граѓани кои активно учествувате во градење на државноста – ВИЕ ги поставивте темелите на нашиот заеднички дом – нашата земја Република Северна Македонија. Од тие причини ние, сегашните генерации сме должни да ви изразиме неизмерна почит и благодарност. Оваа манифестација треба да ги исполни овие цели – да ги афирмираме заложбите дека низ заедничка дружба и соработка можеме да градиме едно солидарно општество во кое ќе се почитуваат вистинските вредности. Преземавме обврски да се грижиме за нашите највозрасни граѓани – пензионерите и да им овозможиме достоинствени услови за живот“, истакна Заев и додаде ќе заедно со Министерството за труд и социјална политика ги исправиле неправдите и сега два пати годишно има усогласување на пензиите со трошоците на живот. 

 

„Растот на пензиите сега е поставен на реални основи и се врзува за економскиот раст. Ако економијата расте над 4% и го достигнува својот потенцијал тогаш и пензиите ќе растат. Тоа е фер“, додаде Заев.