Владата на две недели по нејзиното формирање започна со новиот серијал на партиски вработувања, во време кога Зоран Заев најави масовни отпуштања од јавниот сектор.

Имено, пред само два дена објавен е оглас за вработување на тројца посебни советници во кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Но, ова не е единствениот оглас, и во кабинетот на министерката за образование и наука се бараат тројца советници.

Според огласот се бараат различни профили, а според позицијата платата се движи од 30.000 до 60.000 денари.

За потсетување, владејачката СДСМ додека беше во опозиција речиси не поминуваше ден, а да не одржи некоја партиска прес конференција за да обвини дека администрацијата е партизирана и дека се злоупотребува за партиски цели како и дека администрацијата е превработена.

Но, сега во време на власт гледаме дека најслатко е вработувањето на државни јасли каде што наместо професионални кадри со соодветно образование, се вработуваат партиските војници на СДСМ.

FacebookTwitterCopy Link