Премиерот, Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Португалија, вечерва се сретна со министерката за европски прашања на Шведска, Ан Линде.

„Министерката Линде на средбата ја повтори силната поддршка на нејзината земја за евро-атлантските аспирации на нашата земја и покажа интерес за актуелниот момент од процесот на имплементацијата на Договорот од Преспа. Премиерот Заев ја запозна со најновиот тек на овој процес и информираше за почетните резултати од јавната расправа за нацрт амандманите за уставни измени кои ја поминаа првата фаза на утврдување како нацрт во Собранието на Република Македонија“, соопштија од Владата.

Премиерот Заев зборувал и за следните постапки во овој процес кога се очекува Владата на РМ, како предлагач на уставните измени и на нацрт амандманите, два дена по јавната расправа, да ги сублимира резултатите и како извештај да ги достави до парламентот, по што постапката за промената на Уставот на Република Македонија, со цел имплементација на Договорот со Грција.

извор: Makfax