Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, има различно мислење од претседателот Стево Пендаровски во врска со членството во НАТО и евентуалната ревизија или поништување на Преспански договор.

„Секој кој се заканува со ревизија, со поништување на Договорот од Преспа, се заканува да го поништи членството во НАТО. ЕУ и НАТО директно се поврзани со Договорот од Преспа, без кој нема да има НАТО, ниту преговори со Европската унија“, изјави Заев во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, одговарајќи на прашањето дали верува дека ВМРО-ДПМНЕ, ако победи на изборите, ќе распише референдум и ќе го поништи договорот за името.

Пендаровски, пак, во „Само интервју“ на Канал 5 на 21 февруари изјави дека е „легитимно со двотретинско мнозинство во Собранието да се промени Преспанскиот договор“ и потврди дека „во НАТО не постои механизам со кој Македонија би можела да биде исфрлена“ ако си го врати името.

Пендаровски пак кој стана претседател како кандидат на СДСМ предводена од Зоран ЗАев ја објаснува разликата меѓу НАТО и Европска унија во однос на (не)можноста за одземање на членството, односно дека НАТО нема уредба за одземање на членството на глас на една земја или суспендирање на гласањето.

Тој  не ја отфрла можноста дека можеме да го смениме името во НАТО, односно да го вратиме Република Македонија, но  вели дека тоа нема да биде сериозно и нема да не примат во ЕУ.