Киро Глигоров имаше исклучителна улога за политичкото и мирољубиво осамостојување на земјата и на нејзиното меѓународно признавање, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи, по повод навршувањето на осум години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија.

„Киро Глигоров ги поврза двата столба на македонската државност – АСНОМ 1944 и 8 Септември 1991.

Тој имаше исклучителна улога во процесот на политичкото и мирољубиво осамостојување на земјата и на нејзиното меѓународно признавање.

Благодарение на него, денес граѓаните на Северна Македонија се движат по јасно трасиран пат на безбедноста, демократијата и напредокот“, вели Заев во статусот.

извор: Makfax