По информацијата дека обвинителката Катица Јанева наводно наредила форензичко бришење на компјутерите во СЈО, премиерот Зоран Заев изјави дека тоа е нешто што треба да го истражат институциите.

„Тоа е дел од истраги, нека си одговорат институциите, тоа е државното обвинителство, и јас прочитав во медиумите, треба да си дадат одговори“, рече Заев кој додаде дека не се труди да врти телефони за да добие информации прв.

„Не ни знам што е тоа форнезичко бришење. Се води истрага, а политичарите треба да бидат надвор од тоа. Ние треба да обезбедиме слобода за обвинителите независно да работат во борбата против корупцијата, еве и денеска ги охрабрувам истрагата да заврши до кој било и да води“, рече Заев.

извор: Makfax