Не му се лутам на Црвенковски за реакцијата, напротив тој треба да биде активен, рече премиерот Зоран Заев во гостување на радио емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Тоа знаење кое е втемелено како и кај сите други политичари може да придонесат многу. Во ЕУ земјите како и во напиот регион има такви претседатели кои се уште се активни. За мене тоа е коректив на политиките“, потенцираше премиерот Зоран Заев.

Во однос на писмото кое поранешниот претседател на СДСМ и претседател на државата, Бранко Црвеновски Заев вели дека не му се лути.

„Таман работа ако му се лутам“, рече Заев.

Запрашан за партијата и дали стравува од смена од чело на партијата тој истакна:

„Тие се мои партиски другари кои сега не се дел од раководството. Но јас ги почитуван и тоа е демократско право. Ние имаме избори во април за претседател во партијата. Тука може секој да излезе и да понуди свои понуди. Ако некој смета дека Заев треба да биде променет, бујрумте во април“, рече Заев.